Нов кружен тек ќе се постави во Црниче
Една од посложение сообраќајни точки во Скопје ќе биде решена со поставување на кружен тек за поголема безбедност и намалување на гужвата. Затоа се подготува теренет на улицата Јордан Мијалков каде се рушат бараките на Бирото за судски вештачења кое ќе биде преселено во простории во Македонската радиотелевизија на 19-от кат. Овој кружен тек ќе ги поврзе сообраќајниците Јордан Мијалков и Павел Шатев по семафорите во Црниче.