Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНов изборен закон во Грција: Право на глас со навршени 17 години

Нов изборен закон во Грција: Право на глас со навршени 17 години

Атинскиот весник „Вима“ објави дека се подготвуваат измени во Изборниот закон во Грција со кој правото на глас ќе се стекнува со навршени 17 години. Измените ги подготвува грчката Влада, предводена од Коалицијата на радикалната левица, а истите би можеле наскоро да се најдат пред Парламентот и да бидат усвоени пред летниот одмор на пратениците.

Покрај измената на старосната граница за стекнување на право на глас, ќе се промени и одредбата според која партијата победник на изборите сега по автоматизам добива 50 мандати, а останатите 250 се распоредуваат според пропорционалниот модел. Со измените ќе се предвидува намалување на „бонус пратениците“ од 50 на 30, со тоа што тие ќе им припаднат на партиите или коалициите што ќе освојат повеќе од 40 отсто од гласовите.