Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНов „герилски“ транспарент – #Протестирам за да не емигрирам

Нов „герилски“ транспарент – #Протестирам за да не емигрирам


Втората недела на протести во Скопје се почесто ја одбележуваат „герилски“ акции на група на активисти која се обидува преку симобилични и провокативни пораки да го прикаже суровото владеење и оправданоста на протестите и граѓанскиот револт кој кулуминираше по скандалозната одлука на Иванов да аболицира политичари осомничени за тежок криминал.

Во најновата акција на бунтовниците поставен е транспарентот #Протестирам за да не емигрирам. Претходно во близина на домот на екс премиерот Груевски беше поставен транспарет „Доста беше молк“. Овие акции ќе продолжат според повеќе групи на социјалните мрежи.