HomeРЕФЛЕКТОРФилмНов филм на Мартин Скорсезе кон крајот на годината

Нов филм на Мартин Скорсезе кон крајот на годината

Американскиот режисер Мартин Скорсезе изјави денес во Токио дека неговиот долго одложуван најнов филм „Silence“ за прогонот на христијаните во Јапонија во 17 век ќе започне да се прикажува во светските кино-сали пред крајот на оваа година и дека истиот би можел да се вклучи во трката за освојување на Оскар. Овој филм кој требаше да биде прикажан уште во 2015 година премиерно ќе биде прикажан на 23 декември во САД, додека светската премиера ќе ја има во јануари.

Ендрју Гарфилд, Лијам Нисон, Адам Драјвер и Јапонецот Таданобу Асано играат во филмот инспириран од романот „Silence“ на јапонскиот писател и католик Шусакуа Енда и во него станува збор за португалските католички мисионери од 17 век. Скорсезе веќе со децении има желба да сними филм на оваа тема.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com