Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмНов документарец за визионерот Стив Џобс – Човекот зад машината

Нов документарец за визионерот Стив Џобс – Човекот зад машината

Доколку сте фанови на Apple и начинот на спроведување на бизнисот и технологијата на Стив Џобс тогаш сигурно ќе сакате да го погледнете најновиот документарен филм The man in the machine кој ќе биде прикажан на 4 септември.

Ова е вкупно трет документарец за генијалниот директор и визионер, но ќе се разликува по режисерот Алекс Гибни кој темата ја обработува на поинаков начин и сигурно нема да го глорифицира Стив Џобс, туку ќе се обиде да ги прикаже неговите односи со најблиските соработници и семејството, тешките одлуки, омразеноста, воодушевеноста и целиот речиси религиски култ кој се создаде околу неговата личност.

Целта на Steve Jobs: The Man in the Machine е да ја прикаже суштината на неговиот стил на владеење за кој многумина тврдат дека е тирантски, како и за создавањето на една од највредните компании на светот. Погледнете го овој одличен трејлер за Steve Jobs: The Man in the Machine кој ветува бескомпромисен филм.