Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионНов бродолом, 18 мигранти се удавија во Егејското море

Нов бродолом, 18 мигранти се удавија во Егејското море

Осумнаесет мигранти, меѓу кои и неколку деца, загинаа утрово во водите пред западниот брег на Турција во Егејското Море во бродолом на нивното пловило коешто се движело кон грчкиот остров Лезбос. Претходните податоци говореа за осум мртви, меѓу кои шест деца, пренесува агенцијата Dogan.

Малиот претоварен чамец кој испловил од турското место Дикила се превртел на две поморски милји во водите пред брегот поради лошите метеоролошки услови поради коишто морето било особено немирно. Уште 21 патник во чамецот, меѓу кои и едногодишно дете, биле спасени од турската крајбрежна стража којашто го продолжува трагањето по уште две исчезнати лица. Националноста на овие имигранти, засега не е утврдена.