Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиНов атрактивен параглајдерски натпревар во Гостивар

Нов атрактивен параглајдерски натпревар во Гостивар

Започнува четвртиот параглајдерски натрпевар „Гостивар Опен“ кој оваа година ќе се одржи на обновеното полетиште Корито обновено со опрема за следење на метеоролошките услови, проверка на безбедноста и соодветни ознаки за учесниците и посетителите.

На „Гостивар Опен“ денес и утре способноста за прецизно слетување ќе си ја испробаат 50-тина учесници од Балканот, а овој адреналински спортски настан е подржан од општина Гостивар и Проектот на УСАИД за мали бизниси финансиран од швајцарската Влада. Натрпеварите ќе ги отвори и Барт Путни, заменик амбасадорот на САД во Македонија.