Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаНов албум на Френк Оушн

Нов албум на Френк Оушн

После четиригодишна пауза од издавањето на последниот албум, Френк Оушн издаде нов, долгоочекуваниот албум „Blonde“. Веднаш после објавувањето, популарниот пејач напиша и писмо до своите обожаватели, заблагодарувајќи им се на поддршката и на трпението кое го прикажале чекајќи четири години за да добијат нов материјал.

Frenk

„Одлично си поминав додека го снимав албумот. Ви благодарам на сите. Посебно на оние кои не ми дозволија да заборавам дека морам да го завршам овој албум. Ве сакам сите“, напиша пејачот. Новиот албум има 17 нумери, а прва на листата е „Nikes“ која вчера премиерно беше објавена. Френк на новиот албум имаше импресивен број на гости, како Бијонсе, Кание Вест, Фарел, Џејмс Блејк и други.