Wednesday, Apr 24, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноНорвешката премиерка ловела покемони по Братислава

Норвешката премиерка ловела покемони по Братислава

Норвешката премиерка Ерна Солберг ја искористила паузата денес меѓу своите функционерски обврски во Братислава и отишла во стариот дел на словачката престолнина за да лови Покемони! Солберг во друштво со своите телохранители, искористила дел од слободното време меѓу два состаноци и ја шетала Бралислава гледајќи постојано во својот мобилен телефон.

Премиерката за телевзијата „ТВ2“ изјавила дека се обидела да дојде до најретките покемони, поради што некои играчи на оваа играат мораат да пешачат и по 10 километри. Солберг, која порано беше позната како љубител на играта „Кенди краш“, минатата недела изјави дека била фасцинирана од покемоните.