Friday, Mar 29, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласНорвешка е првата земја која кажа „СТОП“ на сечењето дрвја

Норвешка е првата земја која кажа „СТОП“ на сечењето дрвја

Од пред некој ден, Норвешка стана првата држава во светот која целосно го забрани сечењето на дрвја и со тоа да придонесе во намалување на глобалното уништување на шумите.

Норвешкиот парламент се обврза да најде начин да се снабдува со потребните производи како палмино масло, соја, говедско месо и дрво за градба, кој ќе остави минимално влијание на нивниот екосистем. Ова е залог кој Норвешка го донесе на самитот за климата во 2014 година од ОН, заедно со Германија и Велика Британија.

Оваа држава, својата посветеност за почиста средина веќе ја покажа и на друг начин. Во 2008 година, земјата му даде на Бразил една милијарда долари да помогне во борбата против сечата на дрва во амазонските дождовни шуми – со што сечењето беше намалено за 75 % во рок од седум години. Исто така, земјата спроведува процес за ограничување на продажбата на автомобили со погон на гас до 2025 година.

Се прогнозира дека, со темпото со кое се движиме, сите дождовни шуми во светот ќе исчезнат за 100 години.