Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометНорвешанката го напушта тимот на ЖРК Вардар

Норвешанката го напушта тимот на ЖРК Вардар

Норвешката рекометна репрезентативка, Камила Херем на крајот на сезоната ќе го напушти сегашниот клуб ЖРК Вардар, по раскинување на договорот.

30-годишната Херем пристигна во редовите на Македонскиот шампион на стартот на сезоната како резервна опција на левата страна, која првично беше ангажирана на две години соработка со ЖРК Вардар, кој сега сигурно нема да го заврши и ќе си замине по само една сезона.

“Камила Херем побара раскинување на договорот со нас, затоа што таа сака да се врати во својата татковина, Норвешка. Ние ја почитуваме нејзината одлука, и посакуваме успех во понатамошниот тек на својата кариера “, рече Давор Стојановски, извршен директор на Вардар.