Wednesday, Apr 24, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисНоќниот кошмар на Шарапова продолжува – Серена Вилијамс е втората финалистка на Вимблдон

Ноќниот кошмар на Шарапова продолжува – Серена Вилијамс е втората финалистка на Вимблдон

Женскиот рекет број еден во светот, Серена Вилијамс, продолжува самоуверено да чекори кон врвот и стигнува до своето осмо финале на престижниот Вимблдон. Со резултат од 6:2 и 6:4 руската гигантка Марија Шарапова не успеа да го скрши мразот и да ја прекине низата од седумнаесет последователни победи на Американката.

Доминацијата над Шарапова датира дури од 2004 година, кога Русинката последен пат издвоила победа и тоа во финалниот натпревар на Вимблдон. Шарапова имаше низа на лоши почетоци и не можеше да се опорави. Нема освоено сет против Вилијамс долги седум години.

Американката во недела во големото финале ќе се сретне со шпанската тенисерка Мугурза.