Monday, Apr 24, 2017
HomeГИГА БАЈТХај текNokia OZO – 3D камера за виртуелна реалност

Nokia OZO – 3D камера за виртуелна реалност

Nokia не е мртва. Финската компанија Nokia конечно ја откри својата прва камера за виртуелна реалност (VR) – OZO камерата ќе може да снима видеа од сите агли во вртежи од 360 степени. Камерата што се одликува со футуристички дизајн, Nokia ја претстави за прв пат на Twitter. Nokia OZO има кружен облик и содржи повеќе мали камери, кои изгледаат како очи.

nokia-ozo-vr-camera

„Воодушевени сме што ја претставуваме камерата OZO пред светот, која претставува нова категорија за снимање на видеа во виртуелна стварност. Очекуваме дека VR наскоро значително ќе го подобри начинот на кој луѓето комуницираат“, истакнува Рамзи Хаидамус, претседател на Nokia Technologies.

Во внатрешноста на камерите има осум синхронизирани сензори, дизајнирани за да снимаат стереоскопски 3D видеа, а осумте интегрирани микрофони ги детектираат звуците од околината. Деталите за спецификациите се уште не се познати и ќе бидат откриени во наредните месеци. Nokia Ozo ќе започне се продажба во последниот квартал на 2015 година.

 

Извор: telefoni.mk