Tuesday, Apr 16, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонNokia бара моќен партнер за новите телефони

Nokia бара моќен партнер за новите телефони

Nokia испрати официјално соопштение со кое бара светки реномиран производител кој ќе биде главен партнер во изработката на новите телефони. Бидејќи Nokia го продаде одделот за производство, дистрибуција и маркетинг на Microsоft(а, таму добар дел од вработените ќе бидат отпуштени), ќе мора да најде надворешен соработник кој ќе ги носи сите технички обврски.

nokia 930

Nokia би учествувала со свој дизајн, како и експертски анализи за тоа како да фунционира телефонот. Засега нема најави кој би можел да биде партнер на Nokia, но претпоставуваме дека интерес би имале кинеските брендови. Доколку се оди според планот новите Nokia телефони ќе излезат на пазарот на крајот на следната година кога истекува договорот со Microsoft за ослободување на брендот.

Извор: telefoni.mk