Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНЛБ Банка: Парите на сите наши клиентите се безбедни

НЛБ Банка: Парите на сите наши клиентите се безбедни

Согласно информациите, кои се проширија во јавноста за истрагата за инцидент настант во НЛБ Банка АД Скопје, она што е најважно е да ве информирам и ве уверам дека сите наши клиенти и колегите вработени на нашата банка се сигурни, стои во соопштението од претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, Антонио Аргир, издадени по грабежот од трезорот во банката.

„Сите средства на нашите клиенти се апсолутно безбедни и клиентите не треба воопшто да се загрижени. Банката ги има превземено сите мерки за осигурување на своите редовни активности. Во моментот соработуваме целосно и активно со надлежните власти. Соработката е конструктивна и многу професионална, и се надеваме на брз и позитивен исход од истрагата“, стои во соопштението.

Аргир истакна дека во интерес на истрагата нема да ги коментираат настаните, се додека таа не биде целосно завршена.

„Уверено можам да изјавам дека, настанот нема влијание на секојдневното тековно работење на Банката и НЛБ Банка АД Скопје ја продолжува својата успешна работа, како креатор на современи и сигурни банкарски услуги за нашите клиенти, истовремено постигнувајќи одлични финансиски резултати, како и досега.“ вели Аргир.