Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионНиз белградските улици вчера се маршираше за легализација на канабис

Низ белградските улици вчера се маршираше за легализација на канабис

Белграѓани вчера излегоа да маршираат за декриминализација на канабисот. На таканаречениот „канабис марш“ во Белград, тие бараат да се легализира канабисот за медицински цели, бидејќи многу истражувања покажале дека има лековити својства и може да излечи болести како рак, дијабетес или мултиплекс склероза.

Активистите вчера порачаа дека многу луѓе умираат од овие „неизлечиви“ болести, додека за некои држави лекот е нелегален. Тие побараа, болните кои си го бараат спасот да не бидат третирани како криминалци, затоа што не прават никаков криминал. На собирот се појавиле и многу луѓе во инвалидски колички кои заедно со своите семејства побарале во Србија да се дозволи она што веќе е прифатено во други земји.

Активистите нагласија дека алкохолот, како и лековите за смирување се поштетни и создаваат поголема зависност од марихуаната. На маршот присуствувал и актерот Сергеј Трифуновиќ кој го постави прашањато: зошто фармацевската мафија ни подметнува скапи, со ништо оправдани цитостатици.