Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНиту денеска нема договор за петтиот член на ад хок телото

Ниту денеска нема договор за петтиот член на ад хок телото

И денеска четворицата членови на ад хок телото за следење на медиумите во предизборниот период, не успеаја да го изберат петтиот член кој треба да биде Албанец.

Членовите на телото за мониторинг на медиумите, не успеаја да постигнат консензус за избор на преостанатиот кандидат Сефер Тахири, кој беше предложен од опозициската СДСМ, а по вчерашното повлекување на кандидатот Даут Даути, нови предлози нема.

Рокот за избор на петтиот член истече минатата недела. За оваа позиција се кандидираа десетици новинари и професори. Формирање на ад-хок телото треба да го оценува балансираното известување на медиумите и тоа е еден од условите во партискиот договор за одржување на избори.