Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНица: Полицијата присилила жена на плажа да соблече буркини

Ница: Полицијата присилила жена на плажа да соблече буркини

Во Ница, еден од 15 француски градови во кои властите го забраниле носењето на буркини, полицијата и напишала пријава на една муслиманка поради носење на овој костим и ја присилила да ја соблече. На фотографијата јасно се гледа дека еден од полицајците и наредува на една жена да го соблече овој муслимански костим за капење, додека другиот полицаец и пишува казна.

„Седев на плажа со своето семејство. Носев обична марама и немав намера да пливам“, изјавила 34-годишниот Сијам, која полицијата порано ја отстранила од плажата. Истакнала дека била многу разочарана откако присутните започнале да аплудираат и да и зборуваат „Оди си дома“, бидејќи полицијата и наредила дека може да се оддалечи од плажата.

Burkini-Francija

Последен град во Франција која ја донел одлуката околу забрана за носење на буркини е Ница, што е последица на неодамнешниот терористички напад во тој град кога возач со камион усмртил 80 лица.