HomeФЕР ПЛЕЈБоречки вештиниНишто од реваншот: Повторно откажан мечот Фјури-Кличко

Ништо од реваншот: Повторно откажан мечот Фјури-Кличко

Веќе по втор пат оваа година е одложен дуелот за светската титула во тешка категорија во бокс меѓу Тајсон Фјури и Владимир Кличко. Натпреварот требаше да се одржи во октомври а повторно е откажан поради повредата на Фјури кој најверојатно нема да може да се опорави за дуелот. Веста официјално беше соопштена од неговиот табор а наскоро треба да излезат и детали за неговата моментална здравствена состојба.

– Тајсон не може да боксува поради медицински причини. Тој има потреба од третман пред да се врати на рингот, се вели во соопштението на промо-агенцијата на светскиот шампион “Хенеси Спортс”.

-Ние и Тајсон сакаме да искажеме искрено извинување на сите вклучени во средбата и на сите боксерски фанови кои го очекуваа дуелот. Тајсон е скршен од развојот на нештата. Во најскоро време ќе дадеме дополнителни детали, се додава во соопштението.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com