Thursday, Sep 21, 2017
HomeГИГА БАЈТСмартфонНишто од Samsung Galaxy Note 5 Edge годинава

Ништо од Samsung Galaxy Note 5 Edge годинава

galaxy-note-5

Samsung изгледа ќе ја промени тактиката во последен момент и ќе го откаже пласманот на очекуваниот фаблет Samsung Galaxy Note 5 со заоблен дисплеј на рабовите слично како кај Note 4 Edge и Galaxy S6 Edge, за да се задржи фокусот на главниот дизајн на Galaxy Note 5 без никакви експерименти.

Samsung-Galaxy-S6-Blue-TopazЗатоа пак, постои голема можност претходно да се појави Samsung Galaxy S6 Plus кој ќе има сличен изглед како Galaxy S6 Edge со двојна заобленост на дисплејот кој продолжува на двата странични рабови, а ќе има има 5.7 инчен дисплеј, ќе работи на шест-јадрен Snapdragon 808 процесор и ќе има 20 мегапикселна камера.

На овој начин Samsung максимално ќе ја развлече својата понуда со дури 4 различни модели со обичен и заоблен дисплеј, со 5.1 и 5.7 инчи, како и со различна хардверска конфигурација. Токму бројноста на понудата треба да им донесе повеќе купувачите кои ќе имаат одличен избор.

Извор: telefoni.mk