Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалНишто од четвртата мета на Мурињо, Погба не сака назад во Јунајтед?!

Ништо од четвртата мета на Мурињо, Погба не сака назад во Јунајтед?!

Мино Раиола изјави за англиските медиуми дека Французинот не сака преселба во Јунајтед и дека негова желба е да остане во Јувентус. Иако утрово сите медиуми пренесуваа дека Пол Погба е многу блиску до враќање на „Олд Трафорд“ и дека „Ѓаволите“ ќе испратат понуда од 123 милиони евра за да ја исправат грешката на Фергусон, сепак се чини дека такво нешто сепак нема да се случи.

„Многу се зборува околу иднината на Пол Погба, но тој можеби и нема да го напушти Јувентус“, изјави Мино Раиола. „Ни тој ни Јувентус не сакаат разделба во овој момент. Тие дури сакаат да му понудат нов договор“, додаде италијанскиот агент. Сепак и покрај оваа изјава сигурно овде нема да се стави крај на оваа трансфер приказна, па наскоро очекуваме нов расплет.