Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНишто лично, Груевски бара да се реши случајот лажни лични карти

Ништо лично, Груевски бара да се реши случајот лажни лични карти

Премиерот Никола Груевски во најновиот јавен настап  побара од техничкиот министер Оливер Спасовски да го реши наводниот скандал со лажните лични карти, кои според истражувањето на Фокус ги има 30 илјади со примена на двојни идентитети на различни адреси.

patista-gruevski

Според Груевски многу е важно да се утврди дали навистина имало фалсификување на лични карти, кој стои зад тоа и за каква цел и потоа МВР и Спасовски да излезат со конкретни резултати, во спротивно овој „скандал“ ќе остане само лажно обвинување на СДСМ. Од кабинетот на министерот за внатрешни работи соопштија дека случајот е процесуиран и истрага ја раководи Јавното обвинителство.