Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНина Суомалаинен нова амбасадорка на ОБСЕ во Македонија

Нина Суомалаинен нова амбасадорка на ОБСЕ во Македонија

ОБСЕ назначи нова амбасадорка и мисијата во Скопје ја превзема Нина Суомалаинен која има дведецениска кариера како дипломат. Таа доаѓа од позиција заменик шеф на мисијата во Босна и Херцеговина и нејзиното назначување доаѓа во период кога се закажани предвремени парламентарни избори кои може да ја решат или само продлабочат актуелната политичка криза и недовербата во државните институции. Нина Суомалаинен ќе го наследи амбасадорот Ралф Брет, а во Скопје ќе пристигне од Финска.