Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНимиц следната недела ќе излезе со конкретен предлог, тврдат грчките медиуми

Нимиц следната недела ќе излезе со конкретен предлог, тврдат грчките медиуми

Медијаторот во преговорите за името Метју Нимиц се очекува на почетокот на следната недела да презентира нов предлог за надминување на овој повеќегодишен спор пред претставниците на Грција Адамантиос Василакис и на Македонија Васко Наумовски, пренесува „Њузрум“.

Средбата со двајцата преговарачи Нимиц ја закажа за 20 и 21 ноември во Њујорк, кога се очекува тој да излезе со конкретен предлог за решавање на спорот, јавуваат грчките медиуми.

Официјална Атина смета дека по победата на премиерот Зоран Заев на локалните избори и стабилизацијата на неговата Влада, тој ќе продолжи со активностите на „добра волја“ со кои ќе покаже дека го напушта иредентизмот, како што се промената на името на Аеродромот во Скопје и отстранување на спомениците поставени во времето на Никола Груевски, објавуваат Радио Атина 9.84, Реал.гр и Иефимерида.

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, за време на посетата на Брисел, се сретна со неговиот грчки колега Никос Коѕијас, при што заеднички било констатирано дека сега е момент да се преземат конкретни чекори за надминување на овој проблем.