Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНимиц сепак во четиридневна посета на Скопје

Нимиц сепак во четиридневна посета на Скопје

Специјалниот претставник на Обединетите Нации во разговорите меѓу Македонија и Грција за прашањето за името, Метју Нимиц, од 1 до 4 јули ќе го посети Скопје, соопшти канцеларијата на портпаролот на генералниот секретар на ОН.

Нимиц, како што се наведува, доаѓа во Скопје на покана на македонската Влада, за да се дискутира за начините за постигнување напредок во разговорите со посредство на ОН за наоѓање заедничко прифатливо решение за прашањето за името.

Во соопштението се додава дека на покана на Владата на Република Грција, предвидено е Нимиц да замине за Атина, веднаш по посетата на Скопје.

Ова е прва посета на Нимиц на регионот од јули 2014 година, кога изјави дека очекува напредок во преговорите. Тој неодамна во интервју за грчки весник изјави дека решавањето на спорот за името треба да биде високо поставено на агендата на новата македонска влада.