Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНимиц: Постои „нов импулс“ во напорите за наоѓање решение за спорот за името

Нимиц: Постои „нов импулс“ во напорите за наоѓање решение за спорот за името

Специјалниот претставник на Обединетите нации во разговорите за прашањето за името меѓу Грција и Македонија, Метју Нимиц, оцени дека постои „нов импулс“ во напорите за наоѓање решение за проблемот.

– По неколкугодишен парламентарен ќор-сокак, имаме нова влада во Скопје, која е сака да ја реактивира надворешната политика во регионот, а очигледно спорот за името е голема пречка на патот за интегрирање во ЕУ и за членство во НАТО. Ова прашање е високо на агендата на новата влада и затоа сметам дека тоа е нов импулс – вели Нимиц во интервју за Независната балканска новинска агенција (ИБНА), дадено по средбата со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас.
На прашањето кои се следните чекори, посредникот вели дека во следните неколку месеци ќе биде во контакт со двете страни и дека ќе се развие план како да се придвижат преговорите напред.

Тој повтори дека не дал никакви предлози и дека сега е време да се разговара за основните концепти, пред да се дадат предлози.

Нимиц минатиот месец за време на посетата во Скопје рече дека не треба да се очекуваат драстични промени во следните неколку месеци бидејќи сега не е време за финални предлози.