Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНимиц очекува спорот за името да се реши следната година

Нимиц очекува спорот за името да се реши следната година

Посредникот од Обединетите нации за името, Метју Нимиц, денеска во Брисел се среќава со македонскиот и грчкиот преговарач, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, по долга пауза во разговорите за името. Потоа, по 12 часот, се очекуваат официјални изјави.

Предвидената заедничка вечера на преговарачот за името, Метју Нимиц со делегациите од Македонија и Грција, што требаше да се случи вчеравечер во Брисел беше откажана, бидејќи ниту Василакис, ниту Наумовски, ниту Нимиц, поради снегот не можеле да стигнат на време во Брисел.

Засега нема официјални навестувања дали Нимиц ќе излезе со нови идеи, сугестии или предлог, иако грчките медиуми не ја исклучуваат таа можност.