Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНимиц има големи очекувања од новата влада да се посвети на спорот за името

Нимиц има големи очекувања од новата влада да се посвети на спорот за името

Метју Нимиц смета дека штом се избере новата влада Македонија може да се посвети повеќе на изнаоѓање на решенија за спорот за името наметнат од Грција. Решавањето на овој проблем, според него, може да помогне да се надминат и други проблеми во регионот, вели Нимиц за грчки „Ријал Њуз“.

– Мандатот кој го имам за решавање на спорот за името е клучот кој ќе ја отвори вратата за да се решат и други спорни проблеми во регионот. Спорот може да се реши ако и двете земји и нивните лидери добијат поддршка од нивните народи, ако разгледаат нешто што е логично, што ќе го задржува достоинството на двете земји, идентитетот на двете земји, историската смисла на двете земји. Мислам дека постојат решенија, вели Нимиц.

Тој ги оценува како опасни и погрешни сите разговори и идеи за менување на границите, особено на Балканот.

– Границите треба да останат таму каде што се и мислам дека тоа што го нарекуваме ПЈРМ е една држава членка на Обединетите нации, признатa како држава од сите нејзини соседи, истакнува Метју Нимиц.

Тој апелира до Албанците во Македонија да бидат лојални граѓани, да придонесат за функционирање на државата и да работат во насока на демократско решавање проблемите.