Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНимиц и преговарачите за името на средба во Брисел

Нимиц и преговарачите за името на средба во Брисел

По тригодишна пауза, денеска и утре во Брисел посредникот на ОН за спорот со името Метју Нимиц ќе има средба со преговарачите Васко Наумовски и Адамантиос Василакис. Средбата се случува само два дена откако грчкиот премиер Алексис Ципрас најави дека „2018 можно да е година во која би можеле да имаме позитивна разврска за долгогодишниот проблем“.

10без10 Македонија 11 Декември 2017 10 0
Преговарачите на средба со Нимиц по изјавите за позитивна разврска и клима на ципрас и Заев – zaev naumovski 3289893289

Според него, до позитивна разврска може да се дојде ако „новата влада на Скопје реши да направи суштински чекори напред, ако запре со, според моето мислење, непотребната реторика дека се единствените потомци на Македонците и на Александар Велики, ако запре со иредентистичката реторика и во исто време прифати едно решение за името, заемно прифатено со соседите“.

Ципрас ја даде изјавата на состанок во Белград, каде што присуствуваше и бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој кажа дека „прашањето за името меѓу Македонија и Грција мораме да го решиме“.

Ден претходно, македонскиот премиер Зоран Заев имаше состанок со Наумовски, на кој што присуствуваа уште министерот за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерот Бујар Османи, и оцениле дека за средбите на преговорачите со посредникот „е постигната позитивна клима и во Република Македонија и во Република Грција“.

МНР вчера потврди дека форматот на преговорите останува ист. На разговорите ќе присуствуваат преговорачите со по уште еден дипломат од двете земји. Амбасадорот на Македонија во САД Васко Наумовски е преговарач од 2014 година. Тој беше назначен за преговарач од владата на поранешниот премиер Никола Груевски, на местото на Зоран Јолевски. Наумовски беше вицепремиер за евроинтеграции во владата на Груевски од 2008 до 2011 година.