Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНимиц тажен за состојбата во Македонија, чека нова Влада за решавање на името

Нимиц тажен за состојбата во Македонија, чека нова Влада за решавање на името

Метју Нимиц, медијаторот назначен од ОН, за ТВ Сонце изјави дека засега не може да ја врши својата функција и да посредува во разговорите за спорот со името се додека во Македонија не се избере стабилна Влада и не се надмине политичката криза.

„Тажен сум поради моменталната политичката ситуација во Македонија, но факт е дека јас не гледам конструктивна улога за медијаторот на ОН околу прашањето за името се’ додека не се постави фер и демократски избрана влада во Скопје, изјави Метју Нимиц, медијатор во грчко македонскиот спор“.

Нимиц очекува наскоро да се врати активноста на двете страни и дека може да се најде решение со помош на меѓународната заедница. Во меѓувреме во Грција и натаму спорот за името се користи кај политичките партии за докажување кој е поголем патриот и кој не отстапува од црвените линии кои предвидуваат промена на уставното име на Македонија за меѓународна употреба.