HomeДЕНЕШНАПолитикаНиколовски вети социјална пензија од 4.800 денари

Николовски вети социјална пензија од 4.800 денари

nikolovski

Носителот на кандидатската листа во Изборна едница 3 од коалицијата што ја предводи СДСМ Љупчо Николовски, денеска во Крива Паланка го презентира „Планот за живот во Македонија“.

– Ќе воведеме социјална пензија од 4.800 денари за сите кои не можат да остварат право на пензија по ниту еден основ или кои немаат 15 години работен стаж, а се на возраст од 65 години. Економскиот раст ќе го темелиме на цврста основа од домашни претпријатија. Склучивме договор со работниците, платите ќе се зголемуваат за сите работници. Минималната плата ќе ја зголемиме на 16.000 денари до крајот на мандатот, а просечната плата на 30.000 денари, рече Николовски.

Програмата, додаде, предвидува и секое семејство со двајца вработени да има приход од 1.000 евра.

Николовски имаше средби со граѓаните на градскиот пазар, оствари работна средба со подмладокот на СДСМ, а агендата ја продолжи со посети на неколку населени места и села од општината.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com