HomeДЕНЕШНАПолитикаНиколовски: СДСМ ќе го укине персоналниот данок за земјоделците

Николовски: СДСМ ќе го укине персоналниот данок за земјоделците

ljnikolovski14

Фокусот во нашиот план за живот во Македонија е токму животот на секој човек во Македонија, и затоа токму денеска, од Струмица, од најземјоделскиот крај, сакаме да испратиме неколку пораки, посебно на земјоделците, за она што мора државата да го направи за нив, рече на денешната пресконференција Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

„Тоа ќе значи дека ќе им ги скратиме административните процедури, дека повеќе пари ќе останат кај земјоделците, дека ќе можат да инвестираат повеќе дека земјоделското производство ќе можат да го зголемат и дека ќе бидат поконкурентни. Тоа значи дека нема УЈП да им виси на вратот, за она што се случува и го гледаме во моментот“ – рече Николовски.

Тој додаде дека на земјоделците мора да им се обезбедат поевтини производни трошоци за нивното производство, зелена нафта, квалитетни и поевтини препарати заштитни средства, вештачки ѓубрива, и да се намалат производните трошоци на земјоделецот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com