Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНиколовски: Ќе барам разрешување за Лидија Димова

Николовски: Ќе барам разрешување за Лидија Димова

Вицепремиерот Љупчо Николовски кој е задолжен за борба со корупцијата, во дебатната емисија Клик Плус на ТВ 21 истакна дека ќе бара разрешување на Лидија Димова откако излегоа написи во медиумите за сомнителни проекти кои добивале грантови од европските фондови.

“Директорката Лидија Димова, смета дека не треба да даде оставка, но јас имам спротивен став. На наредната владина седница ќе побарам оставка и разрешување на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност” посочи Николовски.

Претходно Димова влезе во судир со новинарите кои ги објавија податоците за спорните проекти на фризерница, но таа тврдеше дека нема никако да си поднесе оставка, а за злоупотреби на европските фондови ја обвини претходната власт иако досега преку нејзината институција не е поведена конкретна постапка за поранешни функционери или нивни блиски.