Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНиколовски: Имаме стратегија за одблокирање на Собранието – Нема да има амнестија на криминалот

Николовски: Имаме стратегија за одблокирање на Собранието – Нема да има амнестија на криминалот

Раководните кадри на ВМРО-ДПМНЕ во Платежната агенција и во Министерството за финансии буквално си играат со егзистенцијата на илјадници семејства на земјоделци со мали деца. Ако од Платежната агенција има налози до Министерството за финансии, зошто Министреството за финансии не ги исплаќа субвенциите на луѓето?

Ако Министрството за финансии нема пари, Кирил Миноски мора веднаш да одговори каде отидоа над 300 милиони евра од задолжувањата направени од почетокот на годината до денес ? И што е поважно од интересите на граѓаните? Станува збор за задоцнета исплата на субвенции за 2016 година, 2015 па се до 2012 година! Несериозните кадри на ВМРО-ДПМНЕ прво менуваа директори, дадоа откази, па потоа се правдаа со процедури, но тука е крајот. Јасно е и за домашната и за меѓународната јавност. Недостига здрав разум за да се овозможи развој на демократските процеси во интереси на граѓаните и на државата.

По изјавата, новинарите прашаа како мислат да го одблокираат Собранието, на што Николовски одговори дека коалицијата има стратегија и конкретен план. Слушнете ги сите одговори на новинарските прашања.