Tuesday, Apr 16, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмНиколас Кејџ како Супермен – Урнебесно видео

Николас Кејџ како Супермен – Урнебесно видео

Може ли да си го замислите Николас Кејџ еден од најексцентричните актери како херојот Супермен. Не, ова не е зафрканција на интернетот кој го обожува Кејџ и смисли милиони мемиња, гифови и видеа со неговите луди експресии, туку вистинска проба од снимањето на Superman Lives.

Доколку не сте знаеле на крајот на минатиот век требаше да се сними ново продолжение на омилениот Superman откако главниот актер Кристофер Риф беше тешко повреден и страдаше од неизлечлива болест, па верувале или не токму Кејџ требаше да го замени. Филмот бил пишуван од Кевин Смит кој потоа објасни дека студиото постојано му давало луди идеа за сценариото во кое Човекот од челик требало да се бори со поларни мечки, а режисерот Тим Бартон едноставно ја уништил неговата визија за емотивна приказна.

niccage-superman

Superman Lives во овој формат никогаш не е снимен и без оглед што верните фанови би биле бесни до смрт за изборот на Николас Кејџ, јас сум некако љубопитен како тоа навистина би изгледало, дали ќе ги видовме неговите луди гримаси, избувнување при изговарање на репликите и манијакално смеење.

Superman Lives никогаш не „оживеа“ но овие тест видеа од снимањата од 90-тите се вистинско богатство за фановите на Николас Кејџ. За целата сага е снимен и докуметарен филм The death of Superman Lives: What Hapened чија премиера е закажана за овој викенд.