Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионНиколај Крстев: Тргнува ли српскиот претседател Вучиќ по патот на Слободан Милошевиќ?

Николај Крстев: Тргнува ли српскиот претседател Вучиќ по патот на Слободан Милошевиќ?

Што се случува во соседна Србија? Тоа се прашуваат денес сите местни и европски набљудувачи кои ги следат процесите во балканската земја. Тоа што всушност се случува во Србија е сосема закономерно. Изливот на гнев кај нашите соседи е мешавина од многу фактори – незадоволство од владеењето на претседателот Александар Вучиќ, недостатокот на демократија во Србија, недоверба кон активностите на местниот кризен штаб за борба против Ковид-19 и не на последно, можноста податоците за болните са биле компромитирани во националната база на податоци за постраданите на глобалниот вирус, како што соопшти во својот извештај регионалната истражувачка новинарска организација БИРН. Всушност меѓутоа, во Србија вирусот далеку не е само поврзан со Ковид-19, а во голема мерка е и политички. Протестите во Србија се одговор на арогантниот обид на претседателот Вучиќ да ја префрли вината за враќањето на Ковид-19 на граѓаните. Тоа меѓутоа покажа дека властите во Србија немаат никаква контрола врз епидемиолошката состојба, а се занимаваат да ги санираат последиците од зголемувањето на бројот на новозаразените и починатите од Ковид-19.

Примерите се многу. Она што се случува во областа Санџак, населена со местно муслиманско бошњачко население, го отклучи незадоволството на луѓето, каде што и покрај фалбите на претседателот Вучиќ за реновираната болница во Нови Пазар, се покажаа  неподготвени за бранот од новозаразени од вирусот. Сликата од заразени луѓе кои чекаат по ходниците не само таму, туку и во останатите големи градови во Србија, покажа дека властите тешко се справуваат со кризата.

Се испостави, дека мерките ги преземале властите во Србија поврзани со борбата со Ковид-19 не биле адекватни и во голема мерка биле насочени кон заштита на нивната власт. Одамна кризниот штаб во Србија се претвори, според мнението на набљудувачите, во место каде што се прави ПР на власта, а гласот на експертите и не се слуша доволно.

Пред извесно време, опозицијата исмејувачки го оптедели претседателот на Србија како ʺд-р Вучиќ“, сакајќи да му покаже дека треба да го остави штабот да работи самостојно. Но, тогаш пораката на опозицијата не беше слушната од власта. Спроведените неодамнешни парламентарни избори во нашиот западен сосед покажаа дека Србија напредува брзо кон еднопартиско владеење. Партијата на претседателот Александар Вучиќ во новоизбраното Собрание ќе располага со ʺжелезо мнозинство“ од 190 пратеници од вкупно 250 во парламентот. Практично во новото Собрание нема опозиција, а само блиски до одреден степен на власта во Србија. Арогантното однесување на претседателот Вучиќ се виде и од екранот на јавната телевизија РТС, каде во 120-минутно интервју се обиде да ја нападне презентерката на интервјуто, да и покажува дека не ги разбира темите за кои го прашува, да ја праша кои и се изворито со кои располага, како и да не го прекинува, велејќи дека такво однесување не очекувал во тој медиум.

Всушност, тоа негово појавување на блискиот со власта медиум покажа дека веќе претседателот Вучиќ нема да се прикрива и ќе дејствува како што ќе најде за добро. На специјална прес-конференција, тој соопшти дека има вмешано странски служби во организирањето на протестите во Белград, без да уточни за која држава станува збор. Кажувајќи многузначно, дека станувало збор за специјални служби од регионот. Можеме да претпоставуваме за кои служби станува збор. Претседателот Вучиќ додаде дека интересот за организирањето на тие протести цели да ги ослаби позициите на Србија пред преговорите за Косово во Париз, под домаќинство на францускиот претседател Макрон. Незадоволството на граѓаните на Србија е предизвиканоно, освен од лошата организација за справување со пандемијата од Ковид-19, но и од задкулисната намера да се договори размената на територии меѓу Србија и Косово. По пропаднатата средба во Вашингтон на крајот на јуни, на која требаше да се видат претседателите на Србија и на Косово – Александар Вучиќ и Хашим Тачи, заради подигнатото обвинение од Меѓународниот суд  за злосторствата на паравоената формација ОВК, преговорите беа стопирани. Франција се искористи од вакуумот создаден во тоа време и ги покани српскиот претседател Александар Вучиќ и новиот премиер на Косово, Авдулах Хоти на соредба во Париз. Франција има емотивна обврзаност со Србија уште од 19 век, која што беше возобновена неодамна од претседателот Макрон. Пред една година, во емотивен говор на српски јазик во Белград, пред споменикот на француско-српското пријателство, претседателот Макрон јасно стави до знаење дека Франција ќе го сврти погледот назад кон својот стар сојузник на Балканот, Србија. За време на операцијата на НАТО против режимот на југословенскиот диктатор Слободан Милошевиќ во 1999 година, беше откриен француски офицер во седиштето на Алијансата, кој пренесуваше важни информации на југословенските служби.Тоа е само еден пример за блискоста меѓу Париз и Белград и покрај околностите на историјата, која останува непроменлива во времето. Париз покажа дека ако лидерите на Косово и Србија се разберат за размена на територии меѓу себе, тогаш Франција не би имала ништо против. И ако во тоа француско однесување нема ништо изненадувачко, со оглед на зајавувањето на Париз да ги обнови своите стари врски со Белград, тогаш изненадување буди позицијата на ЕУ за оваа тема. Новиот висок претставник на Европа за надворешни работи и безбедносна политика, Жосеп Борел и специјалниот пратеник за дијалогот Белград-Приштина, словачкиот дипломат Мирослав Лајчек, јасно покажуваат, макар и доста нијансирано на моменти, дека ако постигне договор меѓу двете балкански држави, тогаш Брисел не би имал ништо против … Брисел пројавува двоинственост кон Белград поврзана со претседателот Вучиќ, од една страна веќе се слушаат гласови, да не бидат отворани нови поглавја во преговорите меѓу Србија и ЕУ се додека не се врати демократијата во земјата, а од друга страна молчаливо дава согласност за темата Косово и промената на границите на Балканот. Токму од таа политика денес Вучиќ се искористува многу умешно. Во оваа сложена ситуација денес, Претседателот на Србија се обидува да се протне низ иглени уши за да ја постигне својата цел за размена на територии. Во текот на изминатата година, Белград успеа да го запре процесот на меѓународно признавање на Косово и да го амортизира стремежот на најмладата земја на Балканот да стане членка, коко на ООН, така и на редица меѓународни организации, како што се УНЕСКО и Интерпол. Во таа своја стратегија, Србија беше потпомагана тивко од Русија и нејзината дипломатија, која го поддржува отворено интересот за ова прашање на меѓународен план и особено во Советот за безбедност на ООН.

Тоа задкулисие и обидот на Вучиќ да ги заобиколи српските граѓани и институции за да ја постигне неговата цел, исто ги вбеси граѓаните на нашиот западен сосед. Освен опозицијата, која не е согласна, против е и влијателната Српска православна црква, која одамна има јасно разработена стратегија за оваа тема, која цели максимално да до го запази Косово во српските граници. Никако не е исклучено, ако продолжат протестите, а потенцијал за тоа има, претседателот Вучиќ да биде принуден да состави програмска влада, која да го отвори патот за предвремени избори во Србија за неколку месеци, и покрај неговото мнозинство во парламентот. Веќе се поставува прашањето дали Александар Вучиќ нема да е првиот претседател на Србија, чија партија победила со толку многу на парламентарните избори, да му се наложи да одржи нови избори и да го изгуби својот комфорт во управувањето. Вучиќ веќе кажа дека нема да се сообрази со волјата на демонстрантите во Белград, Нови Сад, Ниш и Врање и запраша, што би станало ако приврзаниците на неговата партија излезат на улиците… Возможно ли е во Белград ʺроманско сценарио“ од почетокот на 1990 година, кога рударите дојдоа и ги нападнаа демонстрантите против комунистичката влада на Јон Илиеску? Србија денес е повторно на крстопат и е исправена пред нејасна иднина, затоа што управувањето со земјата се претвора во ризичен фактор, кој може да предизвика нестабилност.Тоа од своја страна може да се прелее во регионот, како во Косово, така и во Македонија и Црна Гора. , каде што белградската пропагандна машина може лесно мобе да ги распали старите и подзаборавени конфликти.

Ќе ги прочита ли Александар Вучиќ правилно знаците на општествената недоверба кон него и протестите во Србија ќе видиме? Но, никако не е исклучено претседателот Вучиќ да си тргне од власта слично на Милошевиќ под ударите на камења и да се крие под полициските штитови. Во кој правец ќе тргне српската револуција и до каде ќе доведе народното незадоволство кајнашиот западен сосед, претстои да видиме.

* Авторот е поранешен дописник на Бугарското национално радио во Србија и Западен Балкан 2003-2011 година.

Извор: kvadrat5.bg