Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНикола Попоски му честиташе на Чавушоглу за успешниот референдум

Никола Попоски му честиташе на Чавушоглу за успешниот референдум

Шефовите на дипломатија на Македонија, Катар, Унгарија, Судан, Саудиска Арабија и Кенија му честитаа на Чавушоглу за постигнатиот резултат на референдумот во Турција, пишува агенцијата Анадолија.

По повод резултатите од референдумот, шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу, добил честитки од своите колеги, меѓу кои и од шефот на македонската дипломатија и вицепремиер на Македонија, Никола Попоски, јавува агенцијата.

Од дипломатски извори се дознава дека меѓу дипломатите кои телефонски му ги честитале резулатите од референдумот на турскиот министер Чавушоглу е и вицепремиерот на Македонија и шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски.

Покрај Попоски, Чавушоглу телефонски го побарале и му ги упатиле своите честитки и шефот на дипломатијата на Катар, шехот Мухамед бин Абдурахман Ал Тани, шефот на дипломатијата на Саудиска Арабија, Адил ел-Џубејир, шефот на дипломатијата на Судан, Ибрахим Гандур и шефот на дипломатијата на Кенија, Амина Мухамед, дополнува агенцијата Анадолија.

Извор: makfax.com.mk