Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиНикола Којо за прегратката на хрватскиот и српскиот селектор: А вие дебили се заканувате со војни

Никола Којо за прегратката на хрватскиот и српскиот селектор: А вие дебили се заканувате со војни

Славниот српски актер Никола Којо го искоментира успехот на српските ватерполисти во Рио, кои во финалето ја победија Хрватска, но и фотографијата со двајцата селектори која го обиколи регионот.

Фотографијата како пријателски се прегрнуваат Дејан Савиќ и Ивица Туцак наиде на многу позитивни коментари, но имаше и такви кои ја осудија. Коментирајќи ја фотографијата на Твитер, Којо испрати порака до сите националисти од регионот.
nikola kojo vaterpolo
Вака комуницираат луѓе. А виде дебили се заканувате со војни и ги затегнувате односите – напиша српскиот актер на социјалната мрежа.