HomeДЕНЕШНАРепубликаНикој не може да се справи со насилен ученик во Ѓорче Петров

Никој не може да се справи со насилен ученик во Ѓорче Петров

Агресивен ученик од основното училиште Димитар Поп-Георгиев Беровски“ во општина Ѓорче Петров им создава огромни грижи на родителите бидејќи досега нападнал голем број на ученици во сериозни насилни инциденти, а никој не презема ништо да се најде решение освен што од оваа учебна година бил префрлен во друго одделение.

Ланската учебна година, родителите држеа стража заради безбедноста на нивните деца, бојкотираа и не ги праќаа децата на настава цел месец. Родителите сведочат дека проблемите со агресивниот ученик продолжуваат и дека надлежните институции ништо не преземаат.

– Загрижени сме за безбедноста на нашите деца. Пред околу десет дена ученикот на настава дојде со пиштол на дијаболи, со шестар ги боде децата, им се заканува на сите деца и ги тепа. На едно дете седмо одделение му ги скрши забите на дете – сведочат загрижените родители.

Тие тврдат дека се обратиле до сите институции, но никој ништо не презел. Велат дека директорката на училиштето писмено ги известила дека училиштето ги презема сите мерки пропишани со Законот за основно образование и педагошки мерки за учениците во основното училиште, како и дека за однесувањето на ученикот се грижи тим од стручни лица кој работи со ученикот сето време додека е во училиштето за време на наставата, одморите и посебно го згрижува ученикот еден час пред и после наставата.

Родителите не веруваат во ова објаснување од директорката и тврдат дека таа не е посветена да го реши проблемот. Засегнатите родители се обратиле кај сите надлежни институции, училишен одбор, општина, социјални грижи, државен инспекторат, но залудно. Додека не го решат проблемот, велат, нивните деца нема да одат на настава.

Родители на агресивниот ученик не се појавиле на средбите за советување иако биле повикани.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com