HomeГИГА БАЈТСмартфонНикој не го послуша Сноуден, Google Allo оди кон 5 милиони преземања

Никој не го послуша Сноуден, Google Allo оди кон 5 милиони преземања

Allo, новата апликацијата за допишување на Google, за само два дена од лансирањето ја надмина бројката од 1 милион преземања што е добар сигнал дека може да прерасне во вистински хит кај помладата популација со модерни опции за испраќање пораки на забавен начин и за кратко време да стигне до 5 милиони инсталации.

Без оглед што и Едвард Сноуден порача дека Allo ќе послужи за полесно шпионирање, Google доби голем публицитет кој овој пат оди во нивни прилог.

Google со години се мачеше да најде совршена апликација која ќе биде конкурент на Facebook Messenger и да ги спои функциите на социјална мрежа и чат апликација, па изгледа има шанси тоа да го постигне со Allo.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com