HomeРЕФЛЕКТОРМузикаНики Минаж во својата нова песна зборува за Доналд Трамп

Ники Минаж во својата нова песна зборува за Доналд Трамп

niki-minaz-f2

Американската ѕвезда Ники Минаж во својата нова нумера „Black Barbies“ го критикуваше новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп и неговиот став околу имигрантите во таа држава. Песната „Black Barbies“ е ремикс од нумерата „Black Beatles“ од рап дуото „Rae Sremmurd“ која составот ја објави нешто порано оваа година.

Ники Минаж е родена во републиката Тринидад и Тобаго, а уште како мала се пресели во Квинс, дел од Њујорк, па не е воопшто чудно тоа што во песната се „моли“ за иднината на американските мигранти. Во нумерата Минаж го критикува Трамп поради ветувањето дека ќе ги депортира сите нелегални имигранти, истакнувајќи во стиховите дека се плаши за сите непријавени жители на САД, сега кога републиканскиот кандидат е именуван за лидер на таа земја.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com