Saturday, Apr 20, 2024
HomeГИГА БАЈТПЦНикако не го откривајте телефонскиот број на Facebook

Никако не го откривајте телефонскиот број на Facebook

Facebook има голем безбедносен пропуст, секој може да ве пронајде и покрај сите забрани за гледање на податоците на профилот. Корисниците на социјалната мрежа не е препорачливо да го внесат бројот од својот мобилен телефон, затоа што секој ќе може да го дознае нивното име, изгледот и местото на живеење многу лесно – треба само да го внесе бројот во пребарувачот.

facebook hello1

Техничкиот директор на агенцијата Salt, Реза Моаиандин, ја предупредил администрацијата во Facebook за оваа опасност уште во април, но проблемот се уште стои на тапет. Тоа значи дека над 100 милиони корисници се изложени на висока опасност. Затоа високо препорачливо е корисниците да не објавуваат доверливи податоци на својот профил и да не ги споделуваат со непознати луѓе.

Извор: telefoni.mk