Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНигериската војска ослободи 180 затвореници-помеѓу нив жени со бебиња и мали деца

Нигериската војска ослободи 180 затвореници-помеѓу нив жени со бебиња и мали деца

180 затвореници повеќе не се осомничени за поврзаност со екстремистичката група Боко Харам и истите се ослободени од страна на Нигериската војска. Помеѓу ослободените затвореници имало жени со бебиња и мали деца.
Затворениците се ослободени по завршување на  истрагата, која покажала дека не се виновни за обвиненијата и тие се превезени во Мајдугури во државата Борно, каде ќе им се вратат на своите семејства.
Владата во Нигерија соопштила дека го прегледува  извештајот на меѓународната организација за заштита на човековите права „Амнести интернешнл“,во кој за минатиот месец нигериската војска беше обвинета за смрт на 8.000 заробеници, од кои некои се убиени, а некои умреле од глад или гушење.