Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНи се заканува ли ледено доба

Ни се заканува ли ледено доба

Популарната изрека Winter is coming од серијата Game of Thrones може да стане наше секојдневие предупредува Валентина Жаркова од Нортумбрија Универзитетот бидејќи според метеролошките истражувања ни се заканува мини ледено доба со намалување на активноста на Сонцето од 2030-та година. Тоа што загрижува е дека тврдењето доаѓа од еден од најдобрите научни центри, а не од некои откачени теоритичари на заговори.

Жаркова има изработено компјутерски модел кој ја следи работата на Сонцето и според досегашните податоци за неговите циклуси се предвидува дека активноста за двојно ќе се намали во периодот меѓу 2030 и 2040 што може да предизвика смрзнувачки температури на Земјата.

sun

Компјутерскиот модел предвидува дека ќе има два тешки циклуси во на двете различни хемисфери на Сонцето кои меѓусебно ќе се поништуваат што ќе доведе до „заспаност“ и помал број на сончеви точки.

Моделот на Жаркова работи врз новиот принцип на следење на магнетните бранови на горните слоеви на Сонцето и делува прилично прецизно. Ова предупредување не е ново бидејќи и во изминатите години различни научници го тврдеа сличното, но е прво кое има подетални научни анализи со докази.

Сепак, климатолозите смируваат и велат дека дури и со намалена сончева активност не може преку ноќ да дојде до масовна климатска промена и влез во ново ледено доба.