Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНезависниот полициски синдикат револтиран од колективниот договор

Независниот полициски синдикат револтиран од колективниот договор

Независниот полициски синдикат денес повторно ги претстави своите барања за промена на колективниот договор кој е неправеден, особено за граничната полиција ангажирана во Танушевци, Маздрача и Стрезимир кои се прогласени за издвоени објекти и граничната полиција со усна наредба таму работи четири дена континуирано, по што следуваат четири слободни дена, што според Синдикатот е спротивно на Законот за работни односи, Колективниот договор и подзаконските акти во МВР.

goce delcev sindikat policija

„Овие луѓе кои ја бранат и обезбедуваат државната граница мораат 15 деноноќија да спијат и работат во полициските станици за граничен надзор, а за тие 15 дена само 176 работни часа ќе треба некој да им ги пишува нивните работни ангажирања. Ова е таква невидена дискриминација и неправда која денеска од министерот итно бараме отпочнување и решавање на ова прашање,“ изјави Гоце Делчев – претседател на Независниот синдикат на полицијата.

Преставниците на синдикатот ги изнесоа барањата пред зградата на МВР и очекуваат средба со новиот министер Оливер Спасовски за подобрување на нивниот статус и промена на штетните одредби бидејќи проблемот се провлекува повеќе месеци и полициските припадници ангажирани на граничните станици се закануваат и со протест. Од Независниот полициски синдикат наведоа дека поранешната министерка Гордана Јанкуловска и Сојузот на синдикати никако не сакале да им помогнат и им е наметнат правилникот за работа. Исто така веќе се поднесени и тужби за нарушување на работничките права.

Извор: nova.tv