Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионНевреме во Албанија, поплавите го однесоа првиот човечки живот

Невреме во Албанија, поплавите го однесоа првиот човечки живот

Едно лице загина во поплавите кои вчера во текот на целиот ден ја зафатија Албанија. До несреќата дошло кога 50-годишниот Луан Ќари бил однесен од надојдената река Радим додека одел на работа.

Невремето предивикало огромни проблеми во многу домови, се активирале неколку свлечишта и се урнале повеќе мостови. Министертвото за внатрешни работи го вклучи алармот и ги активира сите надлежни служби со највисок степен на подготвеност.