Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаНевработеноста кај младите продолжува да расте

Невработеноста кај младите продолжува да расте

Не сопира растот на невработеноста кај младите – покажуваат статистиките. Без работа на крајот од 2016 година биле 48,2 % за разлика од 46,4 % на крајот од септемрви.

Годишно, 182 027 лица чекаат работа по година дена, а од нив, 84 874 се на возраст до 29 години. Бројките од најновата публикација на заводот за статистика уште покажуваат дека најголем дел од невработените лица се со средно образование, за кои се тврди дека има најголема побарувачка во индустријата. Вишо или високо образование имаат речиси 46 000 невработени од кои 42,5 % се на возраст од 25 до 29 години.

Од Агенцијата за вработување признаваат дека невработеноста кај младите е многу висока но вината ја лоцираат во транзицијата кога младите бегале од занает. Според статистиката во 2016 од работното место си заминале околу 381 000 лица од кои најголем дел поради стечај. Најчестата причина за прекин на работата кај младите на возраст до 29 години бил привремениот карактер на работата.