Monday, May 29, 2017
HomeДЕНЕШНАЕкономијаНевработените со бесплатна обука полесно до работа

Невработените со бесплатна обука полесно до работа

Find-Job1

Две илјади невработени лица ќе имаат можност да посетуваат Обука за општи вештини за познавање странски јазик и компјутерски вештини за Microsоft Office апликациите, интернет и вештини за менаџмент. Оваа Обука ќе ја организира министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Република Македонија. Заинтересираните невработени лица ќе може да се пријават на огласот кој го најави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов во Куманово, при посетата на штандот во рамките на промоцијата на проектот „Македонија вработува“.

obuka2

– Заедно со Агенцијата за вработување обезбедивме грант средства од ЕУ преку ИПА програма  во износ од 200 илјади евра за овие 2.000 обуки за 2.000 невработени лица. Во моментот  трае огласот за сите активни баратели на работа. Со цел да бидат поконкурентни на пазарот на труд, потребно е невработените лица најчесто и неопходно е да познаваат странски јазик и општи познавања за компјутерски вештини и токму поради тоа ги спроведуваме овие обуки, објасни Спасов.