Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмНевозможна мисија 5 со возможно најголема заработка

Невозможна мисија 5 со возможно најголема заработка

Четврточната кино премиера на “Невозможна мисија – Непријателска нација“ инкасираше неверојатни 4 милиони долари за само 1 ден, што го отвори патот кон целта на Paramount Pictures – со надминување на 54 милиони долари заработка за еден викенд прикажување.  Доколку продолжи овој тренд филмот ќе биде само позади “Jurassic Park“ и “Tomorrowland” што ќе го направи трет најуспешен филм ова лето според продадените влезници.

Филмот во кој Том Круз по петти пат ја толкува главната улога на таен агент ја продолжува успешната франжиза. Овој пат, тимот на тајни агенти се на мисија да се справат со непријателска организација – Синдикатот  која има слични вештини и се заканува да го уништи интернационалниот монетарен фонд.