Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНевооружен тинејџер убиен од полицијата во Тексас

Невооружен тинејџер убиен од полицијата во Тексас

Кристијан Тејлор 19 годишен рагби играч од Тексас е убиен од полицијата при инцидент во гаража. Тејлор бил осомничен за вандализам бидејќи возел низ гаражата на автодилер со наводно украден автомобил и ги скршил рампите на излезот.

Од видео снимките се гледа како Тејлор се однесува чудно пробувајќи да отвори неколку автомобили во затворената гаража. На еден автомобил го крши ветробранското стакло и скока по хаубата. Тоа било доволно за да се активираат алармите и да интервенира полицијата која го пресретнала. Бред Милер еден од полицајците кој се уште бил на обука го употребил огненото оружје врз Тејлор кој бил невооружен.

Неговото семејство тврди дека момчето било пристојно и воспитано, следувајќи му добра кариера во рагби лигата, па се сомневаат во приказната на властите. Подетална истрага ќе спроведе FBI по обвинувањата на јавноста дека е убиено уште едно афроамериканско момче без никаква причина.